Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Првото новороденче во новата година во Прилеп е девојче

Прилеп го доби и првиот жител во Новата 2018 г. година. Здраво, живо женско бебенце тешко 3230 грама се роди околу 20:00 часот синоќа на гинеколошкото одделение. Најголема радост за мајката Дијана Капкоска, но и за целиот персонал од гинеколошкото одделение од градската болница, кој што беше максимално подготвен за овој радосен чин.

Среќната мајка денеска ја посети градоначалникот Илија Јованоски, предавајќи и пакет со подароци за новороденчето.

„Се чувствувам прекрасно, радосна сум како мајка, а малата принцеза ќе се вика Дарија“, изјави мајката Дијана, држејќи го своето бебенце топло во прегратка.

Градоначалникот Јованоски на мајката на новороденчето ѝ врачи штедна книшка со 15.000 денари и други пригодни подароци.

„Околу 20:00 часот се роди здраво, женско дете со витални функции. Им честитам и им посакувам многу здравје и среќа и на родителите. Исто така сакам да им ја честитам и Новата 2018 година во добро здравје, радост, среќа и успех“, рече Јованоски.

За д-р Роза Ковилоска, специјалист педијатар во одделот за неонатологија, раѓањето на женско новороденче е најава дека годинава ќе биде бериќна.

„Годинава ни започна добро. Се роди женско, здраво новороденче од 30 годишна мајка, во 41-ва гестациска недела, со уредни витални параметри, во добра здравствена состојба. Му посакуваме многу успех, здравје, среќа“, рече д-р Ковилоска.

Новогодишни пакетчиња денеска добија и сите дечиња хоспитализирани во детското и во неонатолошкото одделение од градската болница во Прилеп.

GOLD
SN Finansii
To Top