Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Прилеп го одбележа државниот празник 23 –ти Октомври

Годинава државниот празник 23 –ти Октомври Прилеп го одбележа скромно со положување на цвеќе на спомен обележјата на личностите кои го дале својот живот за независна и суверена Р.Македонија.

По повод одбележувањето на државниот празник 23-ти Октомври, Денот на македонската револуционерна борба, претставници од политички партии положија свежо цвеќе пред споменикот на: Методија Андонов – Ченто, Пере Тошев и Ѓорче Петров, а една делегација се поклони и положи цвеќе на гробовите на Пере Тошев, кој се наоѓа во црквата Св.Благовештение и на гробот на Методија Патчев, во Кадино село. При оваа пригода Марјан Ристески го истакна знaчењето на овој празник за македонскиот народ и ја потенцира важноста од зачувувањето на интегритетот и суверенитетот на Р. Македонија.

Македонија годинава по 10 – ти пат го празнува 23-ти Октомври како државен празник. Празникот се празнува како ден кога 1893 година, Иван Хаџи Николов, Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Антон Димитров и Хрсто Ботанџиев го формирале Македонскиот револуционерен комитет, од кој подоцна произлезегла Внатрешно Македонската Револуцонерна Организација (ВМРО) или Внатрешно Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО). Организацијата се борела за ослободување на Македонија. Формирањето на ВМРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење , кое преку Илинден 1903 и Крушевската република, а потоа и преку НОВ резултираше со создавање на модерна самостојна македонска држава.

Karmen
To Top