Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Убиство и самоубиство на брачен пар во Прилеп

Во прилепската населба  Димо Наредникот денеска биле пронајдени двајца мртви сопружници. Според првичните информации од прилепското јавно обвинителство, станува збор за постара брачна двојка, а случајот бил пријавен околу 12 часот од случаен минувач кој го забележал безживотното телото на сопругот М.Н. (81) под балкон од зграда.

Според првичните сознанија станува збор за убиство и самоубиство, зашто во станот на брачната двојка е пронајдено телото на сопругата Илка.Н (78) со прострелна рана во главата од пиштол, а сопругот под балконот. Истрагата е во тек, изјави јавниот обвинител Маријана Илиеска.

Според станарите брачната двојка имала мирен и добар брак. Се претпоставува дека сопругата во последно време боледувала од склероза.

Полицијата работи на целосно расветлување на случајот.

GOLD
To Top