Новости

Прилеп инфо

ФОТО: Учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ со поддршка на лицата со ретки болести

28 Февруари е Денот за ретки болести и е Меѓународна кампања за подигање на свеста кај луѓето, па така учениците од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп  се вклучија во глобалниот повик за поефикасно вклучување на пациентите со ретки болести во истражувањето.

Од почетокот од 2008 година на  Денот на ретки болести се организираат илјадници настани низ цел свет и се опфатени милиони луѓе. Темата за оваа година е истражување и се одвива под мотото ,,Покажија својата реткост, покажи дека се грижиш“.

– ,,Денес со ученици од здравствената  струка  се вклучивме во интерактивната кампања со цртање на лицето со бои,со пораки и марш од ЈЗУ,,Општа болница ,,каде учениците беа на практична настава, до ЦЈЗ и маршот го завршивме во нашето училиште,со цел да ја подигнеме свеста ,помошта  и поддршката за лицата со ретки болести кај здравствените професионалци,истражувачи,негователи.На вратата на овие објекти го залепивме и логото од оваа кампања,а во нашето училиште го направивме здравствено воспитното катче каде и останатите ученици ќе се информираат за овие болести. Денес учениците ја покажаа нивната реткост ,нивната грижа кои  како идни здравствени работници ќе се залагаат за помош, поддршка ,информирање и полесна адаптација на овие лица во социјалниот систем затоа што  лицата со ретки болести се соочуваат со огромни предизвици,тие  треба да одат кај повеќе доктори кои не можат да постават дијагноза,или пак нема третман ,или достапниот третман е прескап ,или пак нивната изолираност во училишта кои не се адаптирани за нив,или пак финансискиот товар на родителите и нивниот стрес. – истакна професорката Петра Лукароска.

Ретки болести се оние од кои боледуваат мал % на населението. На секои 2000 луѓе еден е со ретка болест.

Над 300 милиони луѓе во светот се заболени од ретки болести. На светско ниво постојат 6000 различни видови ретки болести. 5% од постоечките ретки болести немаат соодветна терапија.Ретката болест секогаш тешко се дијагностицира.

Првите симптоми се јавуваат веднаш по раѓањето или во првите години. Имаат генетска природа и предизвикуваат тешки оштетувања. Мал е процентот на ретки болести за кои постои лек, но за некои иако е мал % за кои постои лек, некои видови заболувања може да бидат искоренети.

Evrotip
Евротип
To Top