Новости

Прилеп инфо

Хуманитарна акција од Детската Амбасада за сите деца во светот по повод 8ми март во Прилеп

Денес по повод Меѓународниот ден на жената 8ми Март, децата координатори реализираа хуманитарна акција со продажба на цвеќинаво центарот на Прилеп. Продажбата беше со хуманитарен карактер со тоа што средствата кој се собраа беа донирани на самохрана мајка од Прилеп.

За време на продажбата се помина во најдобар ред, со тоа што повеќето од граѓаните донираа парични средства зголемувајќи ја шансата за што повеќе донации. Покрај местото на продажба цвеќињата можеа да се купат и во другите делови на градот(чаршијата,пазарот и останатата блиска околина).

– Солидарноста на граѓаните и овој пат се докажа со тоа што иако самите ја определуваа цената се собраа доволно парични средства за да се помогне на оваа самохрана мајка.

Откако продажбата заврши, делегацијата од Детската Амбасада предводена од генералниот секретар, г-дин Петар Стојаноски, Раководителот на ДЕЦ „4ти Јули“, г-дин Филип Ачкоски заедно со децата координатори ја посетија мајката, каде и беа врачени и собраните средства.  

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот оваа фамилија ќе ја посети повторно и во следната предвидена хуманитарна акција која следи, односно за престојниот голем празник Велигден.

Голема благодарност до Марте Екоцвет од Битола за донирањето на прекрасните цвеќиња, кои што дадоа голем придонес за успешна реализација на оваа активност.

Во оваа прилика на понежниот пол им го честитаме овај за нив значаен празник.

GOLD
To Top