Новости

Прилеп инфо

29 – годишен прилепчанец со шрафцигер нападнал обезбедување во казино

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Д.З. (29) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела спречување на службено лице во вршење службено дејствие и загрозување на сигурноста.

На 13 јануари околу 3.10 часот во казино на улица „Кузман Јосифоски-Питу“ во Прилеп, откако пријавениот од обезбедувањето и други лица присутни во казиното бил отстранет од објектот, со шрафцигер нападнал едно од лицата, соопшти полицијата.

Студирајте на БАС
To Top