Новости

Регион

Битолчанец и гостиварчанец ограбувале продавници во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Џ.И. (24) од село Врапчиште, гостиварско и А.М. (21) од Битола поради постоење на основи на сомнение за сторени повеќе кривични дела „тешка кражба“, „тешка кражба во обид“ и „кражба“.

Пријавените, заедно сториле пет кривични дела „тешка кражба” и една „тешка кражба во обид”, додека Џ.И. самостојно сторил вкупно седум кривични дела „тешка кражба”, седум кривични дела „тешка кражба во обид“ и една „кражба“.

Џ.И. и А.М. ги сториле делата во период од 03.12. до 06.12.2017 година во повеќе деловни објекти во Охрид. Тие, користејќи подесен алат, насилно ги отворале вратите од аптеки, менувачници, пекари, канцеларии на осигурителни компании, ресторани, маркети и повеќе помали продавници лоцирани на булеварот „Туристичка“ и на други улици во градот. Со извршувањето на наведените кривични дела, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 381.200 денари.

Поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „тешка кражба“, Полициската станица од Кичево, исто така, поднесе кривична пријава против Џ.И.. Тој ги сторил делата на 08.01.2018 година во раните утрински часови во стовариште на магистралниот пат Кичево-Гостивар и во угостителски објект на планинскиот превој „Стража“. Со подесен алат и физичка сила тој ги отворал влезните врати, влегувал и одзел 43.000 денари од стовариштето и околу 5.000 денари од угостителскиот објект.

GOLD
SN Finansii
To Top