Новости

Регион

(Видео+фото) Црна Река се излеа – поплава во село Бараково

Големата количина врнежи за време на викендот предизвикаа поплави на некои места. Таков е случајот и во селото Бараково, демирхисарско каде Црна Река се излеа од коритото и го поплави локалниот пат с.Бараково – с.Вардино, кој беше целосно под вода и е непрооден.

Според информациите на Центарот за управување со кризи на РМ, во општина Демир Хисар имаше излевање на Река Црна на повеќе места по должината на речното корито на потегот од с.Долеци до с.Бучин. Поплавени се поголеми обработени земјоделски површини. Отсечен е и локалниот патен правец за с.Мало Илино и селскиот водовод каде во моментов се интервенира со две градежни машини.
Свлечиште има на локалниот патен правец за с.Вирово каде интервенираше една градежна машина и во моментов интервенцијата е завршена и патот е прооден, и свлечиште на локалниот патен правец за с.Базерник каде во моментов се интервенира со една градежна машина и интервенцијата е во тек.
Под вода и тешко прооден е и региолналниот патен правец Р2339 на потегот од с.Граиште до с.Бараково.

„Црна Река се излеа од своето корито и го поплави целото бараковско поле. Се повтори она што десетина години наназад се случува скоро секоја година. Но за разлика од минатите години кога реката се излевала после повеќе денови обилни дождови оваа година реката се излеа после само еден ден врнежи од дожд. Години наназад бараковчани и жителите од соседните села реагираа и бараа да се реши овој проблем со тоа што ќе се исчистат критичните места од реката каде што секоја година се излева. Но за жал досега од страна на државата и општината години наназад ништо не беше превземено. Најголеми штети повторно ќе претрпат посевите со пченица што значи дека земјоделците и оваа година ќе бидат оштетени.

За да не се повтори ова што секоја година се случува бараме итно превземање мерки од општината, државата и сите надележни институции и што поскоро решавање на овој проблем. Не може секогаш природата да биде виновник за поплавите, посебно не кога врнело дожд само еден ден!“ пишуваат жителите од овој крај на Фејсбук страната Село Бараково.


To Top