Новости

Регион

Едно лице загина – тешка сообраќајка кај Могила

На 24.12.2017 година во 20,35 часот на пат Р 1101 Ѓавато – Тополчани (стар пат) во близина на туланата во правец кон крстосницата за с.Могила, возило „Ауди“ со битолски регистарски ознаки управувано од Р.Г.(40) од Битола излетало од коловозот, при што возачот починал на лице место, информираат д Министерството за внатрешни работи во денешниот билтен.

Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Битола. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

To Top