Новости

Регион

Официјални резултати на ДИК за Новаци и Могила

Според податоците објавени на веб-страницата на Државната изборна комисија од 100% обработени податоци кандидатот на СДСМ за градоначалник на Новаци, Љубе Кузманоски освои 1183 гласови, додека кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, Лазар Котевски освои 977 гласови.

Според 100% обработени податоци на ДИК, во Општина Могила кандидатот за градоначалник од СДСМ, Јасмина Гулевска освои 1913 гласови, додек Стево Пивковски независен кандидат поддржан од ВМРО ДПМНЕ освои 1735 гласови.

GOLD
SN Finansii
To Top