Новости

Регион

Тројца прилепчани ограбиле 9 цркви во Битола, Новаци и Могила

Секторот за Внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против С.А.(27), С. А. (27) В.К. (37) сите од Прилеп, поради постоење на основи на сомнение за сторени 9 кривични дела „Тешка кражба“ и едно кривично дело „Тешка крaжба во обид“.

Имено, пријавените во 10 наврати, односно случаи, во периодот од 07.08. до 02.11.2017 година, извршиле тешки кражби на цркви на подрачјето на општините Битола, Новаци и Могила, и тоа во с. Агларци, с.Далбеговци, с.Дедебалци, с.Беранци, с.Лознани, с.Новоселани, с.Вашарејца, с.Трап, с.Новаци, влегувајќи во црквите и одземајќи најчесто пари, но и бакарни предмети кои се користат за кршевање, продолжни кабли, златни ланчиња и друго. Кражбите ги вршеле групно на начин што со употреба на физичка сила и погоден алат, ги кршеле катанците, ги отворале влезните врати од црквите, влегувале внатре, пребарувале и ги одземале предметите. Пријавените со превземените дејствија предизвикале вкупна материјална штета од 126.000 денари.

To Top