Новости

Регион

Украден акумулатор од трактор и воздушна пушка во Свето Тодори

На 27/28 октомври 2017 година во село Свето Тодори, Општина Могила од летната кујна лоцирана во дворот од куќата сопственост на Р.Т.(48), непознат сторител извршил тешка кражба. Преку необезбедената врата од гаражата влегол и одзел акумулатор од трактор, а потоа влегол во летната кујна, која се наоѓа во дворот пред куќата и одзел една воздушна пушка „Крал Магнум“ калибар 4,5 милиметри, која Р.Т. ја поседувал со дозвола и го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Evrotip
Евротип
To Top