Новости

Регион

ФОТО: Манастирот „Свето Преображение“ – местото каде Тоше го наоѓаше својот духовен мир

На 16 октомври 2017 година се навршија точно десет години откако загина најголемата музичка ѕвезда која Македонија ја имала, Тоше Проески. Десет години Македонија живее со песните на Тоше, живее со неговиот спомен, со неговите дела…

Манастирот „Св. Преображение“ во Крушево е едно од оние места кои не потсетуваат на Тоше, на неговата посветеност, на неговата хуманост, човекољубие и истрајност. Изградбата на манастирот беше негова голема желба и не пропушташе прилика да каже дека тука го наоѓа својот духовен мир. И навистина. При самото пристигнување во манастирот, во воздухот се чувствува тој мир, се чувствува неговиот печат. Се чувствува Тоше. И каменот што секогаш го бакнувал кога влегувал внатре…

Манастирот го посетуваат посетители од разни делови на светот и на тој начин, како што вели чичкото на Тоше, Анастас, Тоше продолжува да го гради манастирот. Љубовта и желбата на Тоше придонесоа манастирот да се доизгради и уреди, а по завршувањето на иконостасот и фрескоживоисот тој да биде осветен.

Манастирска црква во крушевското село Селце, кое се наоѓа во близина на Крушево, во месноста Ручало била разрушена во XIX век, а крушевчани повторно да почнат со изградбата на манастирот во 1986 година. А Тоше уште од својата петгодишна возраст помагал токму за неговата изградба. 

Студирајте на БАС
To Top