Новости

Регион

Oпштина Новаци домаќин на хрватска делегација од збратимената општина Дуги Рат

Делегација од збратимената општина Дуги Рат, Хрватска предводена од градоначалникот Јерко Роглиќ деновиве е во тридневна посета на општина Новаци. Целта на посетата е запознавање на новиот градоначалник на општина Новаци Љубе Кузманоски со староновиот градоначалник Јерко Роглич и претставниците на Советите на двете општини.

„ Ова е моја прва средба но причина повеќе не само да се запознаеме туку и да ги договориме следните чекори на продолжување и интензивирање на соработката преку  аплицирање со преокти  за искористување на европските фондови, твининг проекти, проекти Европа за граѓаните и сл,“ рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Општините Новаци и Дуги Рат се збратимени од 6 август 2013 година и од тогаш се во постојан контакт.

„Засега соработката се однесува на меѓусебните посети. Договоривме следна посета на 19 март следната година кога имаме празник на општината па делегација од Новаци ќе ни биде драг гостин кај нас. Планираме соработката да ја прошириме на искористување на европските фондови , да правиме големи проети кои ќе бидат од големо значељње и за двете општини,“  рече Јерко Роглиќ, градоначалник на општина Дуги Рат, Хрватска.

Хрватската делегација после седницата на Совет ќе го посетат Националниот парк Пелистер и ќе  ручаат во хотелот Молика, а утре за големиот христијански празник Богојавление Водици ќе ја следат манифестацијата на осветување на водите на Охридско езеро.

To Top