Новости

Свет

Јужна Кореја: Пожар во Олимпиското село еден ден пред отворањето на Олимписките игри

Само еден ден пред официјалниот почеток на Зимските олимписки игри во Јужна Кореја избувна пожар во Олимпиското село.

Посетителите преку мобилните телефони беа предупредени да не се доближуваат.

Според локалните медиуми, црн густ чад се издигнува од кафуле во близина на Олимпискиот парк. Според сликите, се чини дека пожарот избувнал на објект кој бил во изградба.

Полицијата и пожарникарите брзо успеаја да го локализираат пожарот, а истрагата е во тек, објави “Дејли мејл”.

GOLD
SN Finansii
To Top