Новости

Свет

Африкански имигранти ранети во пукање од автомобил во Италија

Напаѓач отворил оган врз минувачи во централниот италијански град Мачерата, ранувајќи неколку африкански имигранти, а според процените станува збор за расно мотивиран напад

Пукањето се случи само неколку дена откако во два ковчега во близина на Мачерата е пронајдено распарченото тело на 18-годишна Италијанка. Поради поврзаност со нејзината смрт е уапсени 29-годишен нигериски имигрант.

Според локалните медиуми, најмалку шест имигранти се повредени кога маж кој се возел низ градот сместен на околу 200 километри источно од италијанската престолнина Рим пукал низ прозорецот на автомобилот

„Пукање во Мачерата. Луѓе се повредени. Полициската акција е во тек. Иставете се од патот и избегнувајте отворени места“, објави полицијата на Twitter. Набрзо објави и дека е уапсен еден маж во врска со инцидентот.

Медиумите пренесуваат дека напаѓачот носел тробоен шал и дека пред излегувањето отпоздравил со фашистички поздрав, пренесува AFP. Државната телевизија RAI пренесе дека осомничениот е Италијанец од Мачерата. Станува збор за 28-годишниот Италијанец Лука Траини, кој покрај фашистичкиот поздрав во моментот на неговото апсење на грбот го носел италијанското знаме.

Миланскиот дневен весник Corriere della Sera пишува дека напаѓачот пукал врз двајца млади африкански имигранти малку по 11 часот во саботата, повредувајќи еден од нив. Кусо потоа пукал застрелал уште двајца од кои една била жена. Сз уште не е објавено колку се опасни нивните повреди.

Политичарите од десницата жестоко реагираа на грозоморното убиство на тинејџерката Памела Мастропјетри, која била лекувана од зависност. Се чини дека оваа трагедија ќе оди во нивна полза во кампањата за парламентарните избори закажани за 4-ти март, бидејќи една од нивните основи се противењето на влезот на земјата на бројните имигранти, особено од северна Африка.

Сѐ уште не е објавена причината за смртта на младата Италијанка. Осомничениот Нигериец, кому минатата година му било одбиено барањето за азил но кој останал слободен во Италија, одбива да разговара со полицијата.

„Што овој црв и натаму прави во Италија“, напиша на својот фејсбук профил Матео Славини од крајната десница Северна лига (LN), обвинувајќи ја владата на левиот центар за ова убиство. „Левицата има крвави раце“, додаде Салвини.

Извор: netpress.com.mk

To Top