Новости

Свет

(Видео) Во Америка тестиран најголемиот авион на светот

Најголемиот авион во светот, „Стратолаунч”, беше тестиран на пистата на аеродромот Мохаве во Калифорнија, а видео-записот од тоа е објавен на Твитер од шефот на „Стратолаунч” и коосновач на “Мајкрософт” Пол Ален.

„„Стратолаунч” беше извезен од хангарот на аеродромот Мохаве и успешно го положи првиот тест”, напиша Ален.

Видеото го покажува огромниот двокатен авион со шест мотори како постепено забрзува по пистата, но не полетува.

„Стратолаунч” беше дизајниран како воздушна платформа за лансирање проектили за испраќање опрема во ниската орбита на Земјата.

Нејзиниот распон е 117 метри, 73 метри во должина и 230 тони во тежина. Според пресметките, може да превезува 250 тони товар.

Првиот тест лет се очекува во 2019 година.

GOLD
To Top