Новости

Свет

(Видео) „Како животни“ – Намалената цена на Нутела предизвика хистерија во француските супермаркети

Намалената цена на најомилениот намаз Нутела доведе до диви сцени во супермаркетите низ цела Франција, бидејќи купувачите се бореа да дојдат до вкусниот деликатес од лешник.

Синџирот супермаркети Intermaché ја намали цената на 950g тегла од Нутела од 4,50 евра на 1,40 евра што е попуст од 70%. Намалувањето на цената на Нутела предизвика хистерија помеѓу купувачите, а бројните видеа сведочат за тоа.

Неколку продавници биле принудени да се јават во полиција за да интервенира, додека други пријавиле продажба на истата количина на Нутела за помалку од еден час отколку во период од три месеци.

Дел од француските медиуми пишуваат дека купувачите „се однесувале како животни“ и дека сцените во француските супермаркети потсетувале на сцените во Америка за време на Црниот петок. Дел од медиумите пренесувајќи изјави на купувачи кои биле на самото место, велат дека имало тргање коса удирање, крвави раце и по некое модро око.

Компанијата Фереро која е сопственик на брендот, рече дека не биле вклучени во акцијата.

„Фереро ја осудува оваа акција и нејзините последици кои создаваат конфузија и разочарување кај клиентите”, се вели во соопштението.

Но, слудите сцени се уште не се завршени, зашто продажбата продолжува во петок и сабота.


 

Студирајте на БАС
To Top