Новости

Свет

(Видео) Путин за Богојавление влезе во езеро на минус шест степени

Рускиот претседател, Владимир Путин, се искапи во замрзнатото езеро на традиционалната прослава на Богојавление во Русија. Станува збор за долгогодишна традиција на православната црква, а верниците низ цела Русија се капат во студена вода.

Путин влезе во ладната вода на езерото Селигер, северно од Москва, по повод одбележувањето на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан. Оваа година времето беше потопло за разлика од претходните, измерената температура беше минус шест степени.

Традиционалното капење во замрзнатите реки и езера во Русија се одвива во текот на ноќта помеѓу 18-ти и 19-ти јануари.

GOLD
SN Finansii
To Top