Новости

Свет

(Видео) Силен земјотрес го погоди Тајван – паѓаа згради, луѓе се заглавени во урнатините

Две лица загинаа и најмалку 100 се повредени во силниот земјотрес кој го погоди Тајван. Земјотресот бил со магнитуда од 6,4 степени, а го погодил градот Хуалиен неколку минути пред полноќ по локално време.

Тајванскиот премиер потврди дека 114 лица се здобиле со лесни и тешки повреди, а уште многу други се заглавени во срушените згради.

Според Американскиот геофизички институт земјотресот бил на длабочина од 9,4 километри на 21 километар од пристаништето Хуалиен.

Веднаш после земјотресот од 6,4 степени, Тајван бил погоден и од уште еден земјотрес со магнитуда од 5,2 степени. Во неделата Тајван бил погоден исто така од силен земјотрес од 6,1 степен.

 

To Top