Новости

Свет

(Видео) 7000 Дедо Мразовци трчаа низ улиците на Мадрид

Над 7.000 лица во костими на Дедо Мраз учествуваа во трка низ центарот на Мадрид, организирана за прибирање на средства за лекување на болните од рак.

Трката во должина од пет километри беше одржана долж познатата мадридска авенија „Пасео де ла Кастељана“.

Во трката учествуваа и голем број деца, кои беа облечени во зелени костими и со капи на џуџиња на главите.

Организаторот на манифестацијата соопшти дека ова е најголема трка на Дедо Мразовци организирана досега во светот.

Средствата прибрани од упалтите на учесниците на трката ќе бидат донирани на организацијата „Фундасион Интеос“, која се занимава со гружа и нега на болните од рак.

Студирајте на БАС
To Top