Новости

Свет

Во Канада се урна авион со 25 луѓе, сите преживеале

Авион на компанијата „Вест Винд“ се урнал во Канада. Во него се наоѓале 25 лица – 22 патници и тројца членови на екипажот.

Несреќата се случила синоќа по полетувањето од аеродромот „Фонд ду Лак“.

Сите патници и членови на екипажот биле пронајдени и од местото на несреќата биле пренесени на безбедно.

Според првичните информации, неколку лица биле повредени.

Како што е наведено, по падот, немало експлозија или пожар.

 

Evrotip
Евротип
To Top