Новости

Свет

Евровизија годинава ќе ја водат исклучиво жени

Организаторите на Изборот за песна на Евровизија соопштија дека на манифестацијата што годинава ќе се одржи во Португалија, ќе има четири водителки, по критиките дека претходниот настан во Киев го воделе само мажи.

Критичарите на интернет ги бомбардираа организаторите затоа што Евровизија лани ја водеа тројца водители, нагласувајќи дека тој натпревар треба да ја слави разноликоста.

Евровизија оваа година ќе се одржи во мај во Лисабон и ќе ја водат четири жени. Една од нив, Даниела Руа, е позајмена од американска забавна емисија, а другите три се познати лица од португалскиот шоу-бизнис – Филомена Каутела, Силвија Алберто и Катарина Фуртадо.

Организаторите на Евровизија засега немаат дополнителен коментар околу оваа одлука.

Студирајте на БАС
To Top