Новости

Свет

Европарлментот ќе одлучувава дали ќе се укине летното сметање на времето

Европарламентот денеска на пладне ќе одлучува дали ќе го укине летното сметање на времето.

Одговорајќи на граѓанските иницијативи и петиции, кои главно се насочени кон загриженоста за здравјето од ефектите од двапати годишно менување на начинот на сметање на времето, Комисијата за транспорт во Европарламентот подготви предлог-резолуција со која се предлага запирање на таквата пракса.

За предлогот главно се залагаат балтичките и скандинавските земји.

„Пролетните и есенските промени во земјите-членки на ЕУ се регулирани со директивата на ЕУ за летно сметање на времето. Треба да се одржува единствен временски режим во ЕУ, дури и ако се укинат промените на часот“, се вели во текстот.

Се очекува европарламентарците да ја повикаат Европската комисија да предложи укинување на летното сметање на времето.

To Top