Новости

Свет

Земјотрес со јачина од 5,1 степени го стреси САД

Земјотрес со интензитет од 5,1 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во американската сојузна држава Делавер.

Како што соопшти Американскиот геофизички институт, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Литл Крик.

Потресот се почуствувал во повеќе делови од централниот дел на источното крајбрежје на САД, вклучително и во Вашингтон.

Нема информации за жртви или предизвикани материјални штети при земјотресот.

GOLD
SN Finansii
To Top