Новости

Свет

Ирма го уништи островот на Ричард Бренсон

Richard Branson

Британскиот милијардер, сер Ричард Бренсон објави слика од неговиот разрушен дом на островот Некер кој е во негова приватна сопственост.

Тој рече дека голем дел од зградите и вегетацијата на островот се уништени или многу оштетени од ураганот Ирма.

Некер е дел од 50-те Британски Девствени Острови. Бренсон го посетил најблискиот остров до Некер и „од прва рака видел колку дива и непопустлива била оваа бура.“

Во ураганот загинаа 5 лица жители на овие острови, а премиерот на Британските Девествени Острови побара Велика Британија да им даде долгорочна поддршка.

Сер Ричард Бренсон и негиониот тим биле безбедни. Тој моментално се наоѓа во Порторико, на неколку километри до островите.

Британски Девствени Острови се група на острови во Мали Антили, во Карипско Море, источно од Порторико и се дел од Британските прекуморски територии.

 

GOLD
To Top