Новости

ЕВРОТИП Банер
Свет

Мадуро бара разговор со Трамп

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, покажува подготвеност за разговори по воведувањето нови американски санкции.

Николас Мадуро го задолжил министерот за надворешни работи Хорхе Ареаса да организира телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп или лична средба на маргините на дебатата на Генералното собрание на ОН во септември во Њујорк.
Истовремено, зборувајќи пред Уставотворното собрание во Каракас, Мадуро во својот повеќе од тричасовен говор повторно вербално ги нападна САД и ги обвини дека стојат зад нападот врз воената база на северот од Венецуела кој се случи во неделата:
„Што си мисли императорот (американскиот претседател Трамп)? Дека е владетел на светот, дека е император и дека законите од САД се спроведуваат во сите прекуморски и континентални територии? Да не мисли дека е султан? Да не мисли дека е нов крал над кралевите? Единствен крал над кралевите е нашиот господ Исус Христос. Што си мисли Доналд Трамп?“, праша Мадуро од говорницата во Каракас.
Американската влада по изборот на Уставното собрание на крајот на јули воведе санкции против Мадуро и го замрзна неговиот имот во САД. Вашингтон оценува дека Мадуро е „диктатор“, а Уставното собрание во Венецуела го критикува како „спротивно на законот“. САД воведоа санкции и против други функционери во Венецуела.

 

Karmen
To Top