Новости

Свет

На Ирак за обнова му требаат над 88 милијарди долари после војната против Исламската држава

Suhaib Salem/Reuters

Денеска во Кувајт започна Меѓународна конференција за обнова на Ирак на која ќе учествуваат претставници на десетици земји и хуманитарни организации.

-Врз основа на студијата за проценка на ирачките и меѓународните експерти оценуваме дека за севкупните потреби за обновата на Ирак се потребни 88,2 милијарди долари, изјавил министерот за планирање Салман ал Џумеили на отворањето на меѓународната донаторска конференција за обнова на Ирак во Кувајт.

Според Кусај Абделфатах, главниот директор во министерството за планирање, 22 милијарди од тие средства се потребни итно, а остатокот среднорочно.

Во текот на три дена, стотици политички функционери, невладини организации и претставници на првитаниот сектор ќе пристигнат во Кувајт на конференција која треба да овозможи собирање на овие средства за обнова на Ирак.

To Top