Новости

ЕВРОТИП Банер
Свет

Од денеска македонците без виза ќе може да патуваат во оваа земја

Катар објави дека ги укинува визите за државјаните на 80 земји со цел развој на туризмот и авиосообраќајот, а одлуката влегува во сила веднаш.

Од денеска граѓаните на 33 држави ќе може да останат во Катар 180 дена без виза, а од другите 47 држави ќе може да останат во земјата 30 дена.

На листата со држави се Велика Британија, САД, Канада, Индија, Јужна Африка, Сејшелите, Австралија и Нов Зеланд, но и Македонија.

На списокот се и земји-членки на шенген-просторот, како и други западни, латинскоамерикански и азиски држави.

Либан е единствената арапска држава што се наоѓа во Заливот, а ја има на списокот.

На странците за влез во земјите од Персискиот Залив најчесто им е неопходна виза, која се издава под строги критериуми.

Karmen
To Top