Новости

Свет

Петмина загинати при судир на воени хеликоптери во Франција

Два воени хеликоптери се судрија во јужна Франција, во близина на Сен Тропе. Во несреќата загинале најмалку пет лица, јавија светските медиуми.

Според информациите, се судриле два хеликоптера за обуката на војници кај езерото Карсе.

„Во леталата имало по три членови на екипажот“, соопшти полицијата од градот Брињол. Пронајдени се телата на пет жртви, а се трага по уште еден член на екипажот кој останал заглавен под урнатините на хеликоптерите.

Во тек е истрага за падот на леталата.

 

 

 

 

Извор: Макфакс

GOLD
To Top