Новости

Свет

Полициска акција во Швајцарија, меѓу уапсените 127 криминалци и Македонци

Швајцарската полиција во Цирих уапси 127 криминалци, меѓу кои има и Македонци.

Во акција која траела од октомври до февруари годинава, а цел било сузбивање на криминалот во швајцарскиот кантон Цирих, полицијата  уапсила 127 лица, меѓу кои има државјани на Македонија, Србија, Косово, Грузија, Франција, Колумбија, Монголија, Полска, Романија и Сирија.

Меѓу уапсените, 24 се осомничени за провали и  кражби, од кои 21 се предадени на постапка во обвинителството, 55 се уапсени за кршење на Законот за странци како и за наркотици, или за немоќноста да им се утврди идентитетот. Поднесени се 180 кривични пријави како и многу казни.

faktor.mk

Evrotip
Евротип
To Top