Новости

Свет

Трагична смрт на едно куче во авион – било ставено во преградата за рачен багаж

Куче угина во авион на компанијата Јунајтед Ерлајнс, на лет Хјустон – Њујорк, откако сопственикот по налог на екипажот, морал да го стави животинчето во преградата за рачен багаж. Компанијата ја презеде одговорноста за инцидентот.

– Немилиот настан не требаше да се случи, оти миленичињата не треба никогаш да се оставаат во делот за лични предмети, се вели во соопштение на компанијата.

Кучето било во мала корпа којашто можела да се смести и под седиштето на патникот.

GOLD
To Top