Новости

Свет

(Фото+видео)„Летечки автомобил“ – се забил во забна ординација на втор кат

По некое правило на физиката, забрзан автомобил се крена во воздух и се заби во вториот кат на една стоматолошка ордијација во Санта Ана, Калифорнија. Во бизарната несреќа се повредени две лица. Возилото беше заглавено во ѕидот на ординацијата откако удри во зградата откако претходно излетал од патот.

Возачот и признал на полицијата дека за време на оваа невообичаена сообраќајна несреќа бил под дејство на наркотици.

Моментот на несреќата беше регистриран од камерата на еден автобус, кој имал среќа и за неколку секунди избегнал судир.

Возачот на возилото успеал да се ослободи од возилото, но кога стигнале екипите за интервенција го симнале долу. Другото лице подоцна било ослободено од возилото. Двете лица се пренесени во болница. Откако возилото влета во зградата се појавил и мал пожар кој навреме бил локализиран од противпожарната единица.

 

Студирајте на БАС
To Top