Новости

Свет

Франција стопира увоз на радиоактивни печурки од Белорусија

Голема пратка печурки беше запренa да влезе во Франција откако се откри дека содржат траги од цезиум 137, отпад од нуклеарни реактори.

Печурките што содржат траги од зрачење, се верува дека се од Чернобил.

Пратката на повеќе од три тони печурки од Белорусија содржеше траги од цезиум 137, отпад од нуклеарни реактори, соопштија француските власти, а пренесува Sky news.

Пратката беше откриена дека поминуваше низ Франкфурт, Германија, но не претставувало закана за здравјето, според Институтот за нуклеарна безбедност, IRSN.

Инцидентот се случи само една недела откако Русија негираше дека се случила нуклеарна несреќа во земјата откако беа регистрирани “екстремно високи” траги од радиоактивен изотоп.

Метеоролошката служба на Русија го измери загадувањето на рутениум-106 на 1000 пати повеќе од нормалните нивоа во Уралските планини.

Портпаролот на IRSN рече дека контаминираните печурки немале “никаква врска со загадувањето на рутениум-106”.

“Бидејќи печурките дојдоа од Белорусија, многу е веројатно дека контаминацијата потекнува од Чернобил”, рече портпаролот.

Чернобил во Украина е јужно од границата со Белорусија и беше на местото каде што се случи големата нуклеарна катастрофа во 1986 година.

Цезиум 137, сè уште се наоѓа во областите околу Чернобил.

(Photo by Sean Gallup/Getty Images)

Портпаролот на IRSN рече дека јадењето дури на десетици килограми вакви печурки би ги изложило  потрошувачите на нивоа на радиоактивност слични на природната амбиентална радиоактивност во текот на цела година.

Тој додаде дека немало ризик за здравјето на царинските службеници, дури и ако ги допреле печурките со голи раце.

GOLD
SN Finansii
To Top