Новости

Свет

1400 автомобили изгореа за Нова Година во Ливерпул

Најмалку 1.400 автомобили изгореа во голем пожар кој зафати катна гаража во Ливерпул синоќа, кога сите се подготвувале да прослават Нова Година. Пожарникарите повеќе од шест часа се обидувале да го локализираат пожарот.

Како шт јавува ББС, евакуирани се луѓе од неколку згради во околината на гаражата, но нема повредени. Заради пожарот била откажана ревијата на коњи која требало да се одржи во Арената која се наоѓа веднаш до гаражата.

Пожарот најверојатно почнал откако се запалил еден автомобил. Во гаснењето учествуваале 21 противпожарно возило. Според локалните медиуми, возила експлодирале на неколку секунди. Гаражата имала 1600 паркинг места, на неколку нивоа.

Поради пожарот, откажана е ревија на коњи што требало да се одржи во арената „Екоу“ во близина на гаражата.

Студирајте на БАС
To Top