Новости

Свет

Сонцето ќе стане поладно и потемно до 2050 година

Сонцето ќе стане поладно и потемно до 2050 година. Тоа прогнозираат астрономи од Универзитетот Калифорнија во Сан Диего, цитирани од Phys.org и Astrophysical Journal Letters.

Според научниците овие измени ќе бидат резултат на „големиот минимум“ на сончевата активност – периодичен настан, за време на кој сончевата активност се намалува, се формираат помалку дамки и се намалува силата на емитување во ултравиолетовиот опсег.

За време на истражувањето, експертите анализираат 20-годишното однесување на слични со Сонцето ѕвезди и врз основа на овие податоци стигнуваат до заклучок дека нашата ѕвезда ќе стане поладна и потемна кон средината на XXI век.

Соларната активност се зголемува и се намалува со периодичност од 11 години. Според астрономите, до 2050 година температурата на сонцето може да падне во т.н. „Maunder Minimum“, регистриран во периодот од 1645 до 1715 година. Тогаш, според пресметките на астрономот Едвард Валтер Маундер, наместо вообичаените 40-50- илјади сончеви дамки на површината на ѕвездата се формирале вкупно само 50 дамки.

Овој историски период често се поврзува со т.н. „мало ледено доба“, но не сите научници се согласуваат со овој став. Според противниците на оваа теза, дури и ако постои силен пад на соларната активност, не постои начин да се стигне до глобален студ.

standard.mk

GOLD
To Top