Новости

Битолски трачарлуци

Љубов или ради реда?! Трифун или Валентин?

Заљубени, изгубени. Пијани од љубов или пијани од мака. И пак ќе речи чоек:,,Зошто Рамче пие? Од мака или од среќа? По се изгледа оти му се пие”! …И секоја година се дискутираат патетиките, ,,св. Валентајнс гифтс”, или поклончињата шо меѓусебно си ги делат партнерите. Како на пример мечињата, зајчињата, бонбончињата, чоколадцата, тиквињата. Те сакам-ме нејќиш и верваш на прв поглед или да ти поминам ушЕ еднаш?! Ама денес, на овај Валентин и Трифун стварно би се поставило прашањето дали постојат уште пеперутките во МеО и истите се раѓат ради љубов или ради реда? Трифун или Валентин?!

Пиеме од мака или од убајна. На кој му е дојдено до мечиња и зајчиња и колку креативноста игра улога во цела работа со поклоните, па нема врска длабочината на џебО или ваљдааа… и тоа како има. Е се немет валентивковци, заљубени, одљубени швалерковци, кабадајковци. Али шо е наше ќе си доЈ. Па можи и пеперутките ќе се вратат од кај шо одлетале, али сега за сега, по наше, на никој до мече плишано не му е дојдено. Освен на некоја битолска пуфица. Мече и тоа онака подебелко, позамашно, со ,,биемдаблју” в Гараж и баички ќеш под перница. Е тој на Валентајн се сакал лепотици! Ма дај! Шекспир ја зафркнал цела работа, ама ние го зафркнавме и него. Оти никој ни ал ни абер за тој Ромео и Џулиета.

Така да изгледа ќе биди: ,,ова, уште едно и бегаме!”

To Top