Новости

Битолски трачарлуци

Ај и на главче сега, шо чекате!

,,Ајде сега доста ви е! До кога ќе чекате?! Кога мислите да раѓате!? Ај побрзајте! Стара родилка не чини! Комплицирано е! Шо уште не клекна/не ти клекна?” Се само дел од мажи се/ жени се муабетите!

Ко ќе си сингл, кај ти е партнерО? Ко ќе си во врска: ,,ај до кае работата?”, Ко ќе си во брак: ,,ај шо чекате раѓајте… Ај сеа уште едно! А оти на трето не пробате?!” И така до последно, само рајат да не си! Па оние долгите врски – паровите, до пред некое време, страшно се уљандисвале за муабетот и реагирале од типот:,, Не напнувајте.. не ми вршете притисок… Остајте ме… “. Сега истите на гла ти се качват. ,,Ај на главче. Кај вас сега следно”! И не еднаш кажан муабетО, туку милион и еднаш.

Најголем е притисокот од роднините, бабите, девоците!

Али ко ќе почнат и со количките низ корзо да се војват генрации твои, е тогаш е кулминација. Се крлат, се думкат, вриштат, слабеат, трчат. А ти, колку да се најдиш во муабет ќе му речиш:,,Леле колку си ослабенааа!” Несомнено го знајш одговорот:,,Роди и ти едно вакво и ќе видиш шо е фитнес! Ме јаде! Душата ми излезе! Пери – готви, пери – готви и никој фала не ти вели!” Ако му велиш, машала темпераментно, живо! ,,Темпераментно, темпераментно да ти го дам да го почуваш… Па и онај волот, ич не ми обрнува внимание, не помага ( за мажот му. Од ,,срценце преминал во вол”) . Се јас дома. Нозете не си ги осеќам. Се мрднав!

… Туку остај то. Вие до кај сте?! Ајде, до кога ќе се влечкате? Ај на свадба да ви играме!” Значи прво ти го претставуваат бракот како најмонструзното нешто и дандало ти го земAт за понатамошниот живот и после ти велат ај свадба.

???? Апсурдни? Збунети?! Шо? Али џабе муабетО. Ќе си продолжат со масажа сите. Ќе те гњават до илјада и една и назад. До кога? Се дури смртта не ве раздели! Ај и на главче!

 

Karmen
To Top