А сега неестата ќе го фрла буќетО или зетО? - Шеталиште

Новости

Битолски трачарлуци

А сега неестата ќе го фрла буќетО или зетО?

Инаку ко сме кај свадбите и малтретирањетo на муабетот околу истите, буќетО се фрла по чупите, невестата по него и со него или чупите по буќетО?!

Страшно е колку малаксуват пусти свадби. Истоштуват. Гостите ќе речат: ,,Весело, весело беше, ама невестата тажна некако…” Или: ,,Ората не ме бендисаја и шо група беше она!” Или:,, Шосторе бе оние сликарите пари се наполнаја, париии! Ц ц ц за една слика сто пеесе денари! Ц ц ц! ” Или: ,,Чоек колку ќе клаваме во пликО блиски ни се?! А? Ами па шо има врска…” Или: ,,Се се ама порцијата не ме бендиса и ја виде свекрвата, ич неубо беше облечена!” На никој никако не мојш да му погодиш.

А се креват кредити, се барат на заем париНа, се вика стрикото Петко фром Аус да дој и покана му се пушта оти чунки ќе клај некоја доларка пљус в чекмеџе. Поклон во плик и гребете гребки. Бизнис било свадбата. Едвај се чека моментот за да се пребројат парите, да се напрај есапо. Фризура, пробна фризура, шминка, со клепки, без клепки… А во цела гужва мажите као олабаени и ич истресирани, последно костум купват. Ако не ги подисфорсираш, да можат и по тренерки ќе дојдат на свадба.

Се фрла буќетО, се мести, се трча по него и ,,Од кај сеа мажи по буќетО се фрлат, дај го ваму!” Искинати и истргачени ѕенѕат први со цвеќата в раце. Ѓом први ќе се мажат. Го форсират дечкото или тој нив ги форсира. Малку ќиселење и адети од типот: ,,пази да не се чукнат круните кумче!”

За шо? За шо?! Кизнеј како да речи чоек… Никој нејќиме така, али стално то се дешава. Свадби, фустани, тулој, прстени од ѓаол и пол, бовчи, ланци, буќети… По писка бате! Ќе се преживеј и то е! Само зУбо да е!

To Top