Новости

Битолски трачарлуци

Боемска култура на „НивоУ“ или живарлук?!

…И ко вистински кабадаи, битолски пуфлишта, модерни домачици и троа подразгалени деца, редно е да си попрајме муабет за културата на маса.

Шо си излегваме си излегваме. Шо нема пари за леб нема, ама си сме мерак по меаните бре, шо да прајме. И се тоа си е ок, али шо оставаме зад нас, каков впечаток или утисак Бе синее! Прво понашање шо се заприметва на овој калибар фала богу оти е фалбаџивскиот став за то шо марка се носи костум, халина, челина. Колку се има прошетано низ светО и кој прв ,,рајО” го видел. Шо погласно то поарно!

Втора работа шо спаѓа во основната култура е играње со лајчето од кафето, лигаење и да се трчка келнеро лево десно, дури не се расплачи. И покрај сите могуЌности шо се овозможени, оти чунки царО влегол во меаната, бакшиш оставање никако. Лав муабет и задолжително фаќање политичка страна, а ко ќе жените одат до тоалет да си го ,,напудрат носО”, лабаво цаурење, секс – муабети од највулгарно превисок степен и изазивање на госпожата од спротива. Такоџе ко сме кај културата, тука е и чудото на 21ви век – мобилката.

Скролање низ фејзбукО и необрнување внимание на муабетО шо тој го кажва (синкир битен е) и едно петшеесе слики, селфија на нет, а ако некоја од коконите на се бендиса, задолжително последователно повторно мрднување на келнерО и критикување оти не знај кадри да фати. Шо се тиче до вечерата, обавезно сецкање на јадењето и праење манџа пајнцата, ,, ненамерно” турвање на пијалокот, бришење од чаршаф,(оти не постојат салфетки) и играње со капачињата од пивото в раце. Шо појќе ѓубре то поарно. Зад себе оставање на чаши со кармини, маса преполна со салфетки, истурено вино, отпушоци над чаршаф. Али ко ќе дој цехО, да се тепат сите кој да плати и уште еднаш задолжително критикување на софрата, услугата и оти персоналО не бил насмеан.

И нема да се попрајме! И нема ништо да смениме! И по миЉон години изглеа ќе биди само нуркање сине! Со култура на ,,нивоУ”! Свака час мајстори!

GOLD
SN Finansii
To Top