Новости

Битолски трачарлуци

Го в’Тиме ЗарО, а не мазникО или парето!

По се изгледа оти така е! Ние Битолчани, ние кабадаите, ние кафеџиите, ние ,,ако треба шо треба бе батуле?!”Или ние „Шо е бе шо се глеаш…“ „Шо се туркаш бе море! Те мачи нешто?“ Ние кутри мачни души изглеа оти едвај чекаме да го „фрлиме зарО“ на Василица. Цел фејзбук да дрма со парето. Да се мати и буричка в желудец од то мрсното и мазникО. Да сучат домачиците кори, да се турат од виткање над сукало. Оти чунки гости ќе се пречекват и ќе се сторва адетоО, та ќе се в’Ти мазникО или парето. А всушност суштината ко ќе видиш е друга. Цела поента е пиењето и тро рајат од децата.

Муабетите за големи од типот на „политичарите чинелe – не чинеле“ се неизбежни и пак и пак ќе се заокружи со заклучок оти не чини тука воздухО, затка сме и треба странсВо да се бара чарето.

Освен за врат фаќање со овие теми и дилеми, се разбира оти тука е и коцкањето Сине. Адет. Мора да се испоштова. Да. Али не е за најаска! Се фрлат зарој, се фрлат чакати, се позајмуват пари. Абе ако треба и жената ќе се клај на коцка оти ногу адреналин има во тој пусти адет. Ама после кој ќе го миЈа тавчето. Е то видиш е дискутабилно. Оти фала Богу кабадаја ко кабадаја утредента нормално оти си планира кафица на Корзо и тро цаурење со другарите – синците „Василичари” .

И таке. Со тро лаф муабет и кој колку изгубил на коцка ја завршуваме и оваа празнична програма. За многу години!

П.С. Мене и ова година не ми падна парето, можи зато толку хејтање!

ам дека се сторив богаташка.

To Top