Новости

Битолски трачарлуци

Див Запад или Битола?

„Уништени корпи за ѓубре, откорнати со се земја, превртени жардиниери со цвеќиња. Ваква e глетката низ градското шеталиште во Битола. Кој и што правел изминатата ноќ не е јасно. “

Или можда и… ептен е јасно. Некои чудни момци, батиНа и чупиНа ги газат плочките низ Корзо. Велат оти од Див Запад биле донесени али како кинеска пратка од Али експрес ги нуделе, па зато згрешени сите нешо биле. Неубо сме му порачале на штркО. Не сме се разбрале убо во муабетО шо Љуѓе ни требат.

Див запад или Битола? Исто сине. Прво почни од в кафичи како влегват „мачомените“ – оние напумпаните шо носат костуми од Бетмен или Супермен одоздола за да имат плочки на стомакО. Исто ко во некој бар на Див Запад, си мислиш одма тука пушки, пиштоли ќе изват ако му седни некој на нивното место. Не дај Боже да ги „опулиш“ в очи ваквите загрозени ендемски видови шо уште и само уште ги има само на БалканО. Одма ќе ти се с’снат: „Шо е бе?Шо ме пулиш? Треба нешто?!“

…И по миЉон време и годиЊе џабе ни е. Пуста сиромаштија, сите коли најскапи изнакупија. Ако треба во штала ќе се живеј, али „Би Ем Даблју“ во гаражО да крцка. И фала Богу ако станва збор за таква згрешена пратка, (а ваљда станва, за појќето во глобала), во момент на гужва во собраќајО или костец, какви правила какви глупости. Тука важи само правилото на поголема и поскапа кола. ПешачкиО фала Богу е само онака улична уметност и секој кај шо сака си врви, семафорО некогаш можи да му има олабаено батеријата, па можи да свети зелено и за пешаците и за возачите. Али кој го гледа него. И онака мораш да се снајдиш и уклопиш во системот, без посебни правила и прописи!

На Див Запад си, ако ти прат патека од бехатон плочки и прво мислиш: „Дај ако остани нешто да си зеам за дома, дворо да си го поплочам“, а второ, газиш низ трева оти така си научен. Можи да се деси и успат по еднонасочна да возиш, али шо ми е гајле си викаш, поблиску е, се брзам.

…И упорно онака, те прат чоек, ти прат некои правила, ти носат и те терат на култура, односливост, бонтон. За кој? И триста правла да има и со бројче за на доктор да чекаме, пак врски се фаќат за побрзо. И да имаш од појќе време. Секогаш е стварта да се оди од задниО влез, од кај чкембарите оти само тогаш си најјак и имаш време за кафе и тутун низ корзо на минус пеесе. И фала Богу како вистински Господа и Џон Вејн, си одиш кај некој пријател шанкер-келнер и му го трошиш расходО. Онака со свиркање, со пиштолите в џеб. Пукаме, си пукаме, али неаме куршуми. КАМАЈ КАМАЈ!

To Top