Новости

Битолски трачарлуци

Доста време ерген одел Toj!

В’тевме в’тевме околу саатот, животот, му фаќавме кусур на кафиќите во градО, на чупињата, мачињата в миниЌи пикнати и ергените шо не знаеле како да му врлат виска на извесната госпојца на шанкот и тако даље. И се од ко изнапрајвте, ешта за мажачки и женачки ги испофати сите.

И купи куќа, купи стан, со „Време е за бебе“ на Tв, и притисок од по дома, од надвор, а и од старите па и од оние младите кои штотуку изнараѓаја, свадби сторија, ги чукнаја или не ги чукнаја круните, си прајш и ти свадба. Демек редо ти дошол. „Ја китиш елката“ со три деца, а на третото фала Богу му велиш: „Сине ти си проект на Влада на Република Македонија!“

Како и да е, муабето е следен. Шо се дешава со фразата у задње време шо баички е актуелна: „Треба да ти е дојдено!“? Фала Богу се однесува на мажење и женење. Оние најпојќе до вчера шо си ја акале глата по ноќни клубој, сега ќе ти се испрат и ќе ти речат:„Не знам ете мене така ми дојде, спонтано. Со годините. Само иди то, да се смириш. Знајш?“ И сеа ти ко некој ут, онака чекаш да ти дојди. Да дојди нешто. Да се стори нешто, а појма немаш шо. Као демек да се смириш требало. Проста конзервативност, неизживеаност. Е од то си патиме де. Демек ќе наполнат некоја година плус и готово, почнуват да ти офкат, да те малтретират со муабет за црвените и белите апчиња или кои витамини ги пиеле. Колку не крепеле, колку ги болело глата, колку остареле.

И Ти чекаш… Чекаш да ти дојди нешто. Да падни таванО, ангел да се сториш во животО. Е не иди туку така то Љуѓе. Па и демек онака ко основно правило за „смирвање“ или знак оти даваш реални и вистински знаци на зрелост е ако ја туркаш количката низ Корзо и ако имаш над 5000 слики и фотки со бебето (дали твое или на било која другарка, другар, внуче било шо.) Така оставаш утисак дека си ногу ногу смирен, тивок тип, повлчен и веќе зрела особа која е апсолутно спремна за менвање памперси и навремено плаќање на сметките. Во спротивно, ако пиеш кафенце низ Корзо или си виден во кафич, паб или ноќен клуб, за тебе нема спас.

После оти сме имале пијаници и наркомани и младите збеснувале. Па ние им дозволивме да ги заменат нештата и местата. Да акат по кафичи до сто сатО, оти за нас сТрамота е, нас не не личело. Та молат тие за пијачка до седум со ишарет кај продавачО, плачат и се акат од земја ако не им се купи уште од мали најубата и наскапа играчка, т.е. ајфон.

Не е дете само бебе во количка драги мамички и татенца. Си захтева  други работи пЉус муабетО, али за то во друга прилика. Сега само начнавме и чекаме да „ни дојди“. Самото да ни дојди. Да ја грабниме количката и да се смириме.

To Top