Новости

Битолски трачарлуци

До кога ќе не крепат плочките на Корзо?!

Ко ќе видиш уште комплекси, бациња, фрустрации, фолирантчиња, арогантнички и дрски створчиња си продефилираат низ улици и ги газат та црните, та белите плочки од Корзото. Фала Богу чест на исклучоците, али во ваква понаѓом „урбана“ џунгла, ќе да и нема такви. Тешки филмој се дешават засега, а ко шо можи да се забележи и нема да се запри снимањето во нај „филмскиО град“ на светојте.

Кај да се завртиш нож ти забиват. Кај да се завртиш, долгој имале неплатени, ти борчат, му борчиш. И стално е муабетО оти ти не мојш да се исплатиш кај „Трајче-Петко матуфО“, оти тебе ти борчи „Миле-бричи пифтијата“, а него па му борчи „Злате шишето“, а тој пак да ти избегал Аустралија кај чичко му на црно почнал да работи.

И така се во круг, сите без чакати, без ксмет, со ас во џебот „ќе се полажиме“. И не дека некој успешно лажи, ами работата е шо појќе никој да не се замара. Дали ќе му дојделе на кавга дали, не – сасвим свеједно!

Индиферентноста е чудна работа, шо на овие простори почна баѓи да си се практикува. Состојба во која и покрај то шо ти е „шити“ животО, се оптегнуваш в кафана, кабадаја си, фрлаш слика на инстаграм и му даваш тро боја на животО. Го отепавме од варосвање денО, годината, другата… А не се менва ништо, статус кво бате!

Али македонската работа, советот и мотивацијата, секогаш е тука да не заинспирира опет и опет: „Ајде де, има и полошо!“ Нуркај само сине.

 

To Top