Новости

Битолски трачарлуци

Стандард животО на еден МакедонАц

… И така внуче од стално. Мажи се, остај се, жени се, кинисај со швалерица, мани сите пари в кладилница, кисни над дунќите по машини, прај есапО за дома крастајци да се јадат и грав, али и банка да останва некоја за в меана за тебе на мевце.

Пусти класичен македонски живот. Рмбај рмбај и после брцни в контињер. Стани си сабајле порано, мани турско без шеќер (или тро нека има шеќер колку да заблажи животО ѓоа), ој в теретана(оти фала Богу глумиш „американ хепи фемили“ до крај), плати сметки ваму таму, искарај се по ,,институции” и администрации, во трудО пријави се, купи памперси и пак… Пиши едно ливче за в кладилница. Оти пуста надеж последна умира.

 

…И најрает муабет и стварно надежен у задње време:,,Ааах, така ако чекате за деца, никогаш нема да се средат работите. Раѓајте таму!” И склепвај деца од ,,на нога”. Од на фабрика трчај деца да прајш. Оти чукал сатО. Време немало за ништо. Со надеж и без ум оти ќе се средат. Е сеа или то или ќе ќинисат со пасош Тумбузија, па плачи ги, па лигај се по вибери и скајпој, па ај на топла ракија со комшивката и оти мали тебе маките ти се, од култура ислушај го трачот за маалото и за мажот му оти многу ја тепал кутрата, ама ако. Та го сакала.

…И така внуче катаден. Есапи, прај, мажи се, жени се, остај се, раѓај си, пиј си каве, тутун, азното само си иди. Ама на другата врата подолу!

Evrotip
Евротип
To Top