За пет минути слава сè испустивме! - Шеталиште

Новости

Битолски трачарлуци

За пет минути слава сè испустивме!

-Кои сте вие? „Снежана и седумте џуџиња, ама неа ја нема оти си има работа нешто.“ – А оти сте само две џуџиња? „Ни фалат луѓе.“ – рекле џуџињата.

Овие нашиве „џуџиња„ пак, изнапрајле парина на црно, изнакупиле куќишта, домој, палати и ај сега да вложиме тро од богатството. А каде? И сето то у реду, али немет Љуѓе немет. Нема џуџиња, а ја нема ни Снежа.

Константно се отвараат кафани, ресторани, се вложува и закупува место простор, ваков и онаков амбиент. Некој лажен гламур му се пласира на тие шо останаја. А тие истите, сериозно ги трошат само таму парината. Немат, немат, али изгледа имат. Не стиска, ама изгледа стиска. И писка и стига бе!

…И фала Богу, квази интелегенции ќе ти се прат газди. Со две по пет во џебО и неплатени сметки ќе ти се фалат „одозгора“. Али ние почнавме да немаме осет за то „одозгора“. Кае то одозгора? Секој втор, фирма ќе отварал. Ништо неизрачунато, ништо неиспланирано. Али цела борба и трка само за тие пет минути слава и и моќ и да вИш како е одозгора. КабадајлукО батиња. Е тој не ни чини и не отепа, не запусти. Не искина, не сакати. Не извај од часија парата и ни летна чавката. А богами ни летнаја и џуџињата шо ни фалат. Усвет фатија со се партали и куќнини и покуќнини.

И ќе ја/го видиш та некоја или некој со сколија и факултет заглавена, или негде странство со џогеро или тука…Пак со џогеро. Расчистена, разработена…Само за овие „газдите“ да имат каде кафе да пијат в канцеларија. На чисто, на убо. И исто ти е. Али таму барем го нема оној муабет: „Чупе/дете, кај ти е газдата море/мори!“ Значи не само газдата, туку и другарите на газдата сега знат да ти се понашат и баш онака „одозгора“ да те подисплукат. А ти ако си носиш чадор, убо ќе биди да си го отвориш. Оти баги ќе те наврнат.

А секако дека постои и варијантата ко Снежана, да си заминиш и да му речиш оти си имаш негде работа, на некое место.

To Top