Новости

Битолски трачарлуци

И Дедо ти Мраз тежок за кандисвање стана!

И сега стартоваме јако со предновогодишни забави. ,,Dream team” или ,,Тимот кој победува”. Лицемерие на велико?! В очи нејќат да се видат ама зато на „предновогодишна журка“ едно до едно сликани на софра. Искиселени и гушнати во последната пресудна фаза од пијанство ,,те поштовам – ме поштоваш”. Ако суратО на улица ко ќе му го види бега корни, се трашта. Дволичност, одбивност, сарказам али кабадајски сарказам. Не вистински. Има разлика, оти и тој ако е вистински и реален можи да си чини сам по себе, али тешко е ова, батали. Одиме малку појако кај шо нема граници.

Тешки да се секиравте ко за кучињата шо се секирате сите. Демек наеднаш сите хуманитарниии … Донират, помагат. Кафе не можат да почастат, се мразат себе, а не други. И тешко е со таквите Љуѓе. Оние шо в очи не си ја кажват вистината колку и да боли. Оние шо не прифаќат критика, оние шо ми расти појќе нивното ,, јас”, него ли шо извишиле од осмо па наваму.  Глупости и апсурди предновогодишни, новогодишни, зимзелени и чудесни. Раскалашност и инстант газди, стопани, шалабајзери. Ѓом сите се пукнаја од работа па сеа ај тро да се курдисат на весеље.

Па ќе се издотерат, ќе изнаклат костуми, фустани, перду и плус со ефекти на слики поубај од елката дома шо ти е. Али пошто и та ред дрвце, ред празно, некако непара чини светО.

И како на сите овие работи да го малтретираме да дој Дедо ти Мраз? Си има работа чоеко, не можи да се замара.

И така безвезно ќе си скроламе овие месеци по ,,фб” и инстаграмО и ќе си глеаме чурук фацички, свесни за фактО оти не си мојме со нив и не сме доволно моќни се дури не се испрајме дволично до нив и не сфатиме оти не сме баш богати се дури ни е елката накитена само од едната страна батуле! Охо хо хо!

Evrotip
Евротип
To Top