Новости

Битолски трачарлуци

Кизнеј од шо материјал сме праени!

Кај не ги трпиш, кај ти се понашат и пак му се пикаш под кожа?! Зошто?! Оти си сме тука и си сме такви никакви и се тешиме ако капни. Кизнеј од шо материјал сме праени.

Најспецифичната класа на Љуѓенца шо вадат од такт: „лижачите“. Без влакна на јазикот.

Пред тебе се жалат и се туфкат, али ко ќе дој главниО се умилкуват и ја прат работата ко небаре мед и млеко да течи. Први се да те с’ снат и да те пикнат в оган, а од ко ќе те наместат, брзо-брзо се повлекват од лошо настанатата ситуација, се оградват и си ќутат. Обично се грди, немтур фаци и обавезно во текО на животО се унапредени и мОЈш да ги видиш во улога на „шефчиња“.

Си работат луѓето. Али на психата. Уствари ко ќе размисли чоек, сите се палат на комплименти и „лигаења“. Никој ја нејќи вистината и муабетите од овој тип најпојќе палат:,,Леле шо ми си ослабен/а (а не е), пролепшана (прегрд/а е), дотеран/а (везе нема од облеквање) “.  Лижачите уште од ,,хајскул” си ги знајме. Рамо до рамо со пуфлите и шемата. Поттрчковци прва класа. Му имат ладила триста праено на овие другите, само за да бидат примени во друштво. Е тие ќе те зафркнат батуле! Лист од средина не ти давале, освен ако не си дел од ,,мафијата”. После ќе ги видиш на факултет, рамо до рамо со даскалите и оп асистенти ти станале. Те пазат да не препишваш и кадар се за буквално се.

Ќе ги видиш и во било која ја установа први нацртани по шалтери. Нигде не го пазат редО и сегде си држат пријатели и привилеги. Оти? Не оти му се паднало, туку знат точно како да се умилкуват. Има лижачи. Полижачи и магистри. Книга можат да напишат за како да му се пикниш под кожа на чоек.

И успеват и ќе успеат. А ти седи ко тутукун и мисли шо прајме со војните во светО, мигрантите и оти цигарите ги поскапват.

To Top