Новости

Битолски трачарлуци

Којма поубав ајвар!

Ајвар ко ајвар, живот ко живот! Нешто на ајвар ќе да мириса. Закусени фустанчиња или засукани ракавчиња подготвени за лупење пиперчиња.

И колку тоа смешно дојде времево. Во едната рака андроидО и си пушта срценца со швалеро, а во другата лајцата и меша. Ко ќе видиш меша и ваму и таму. Битна е манџата, ама најбитни се зачините. Би требало добро да се промеша.

А кај шо има чад таму има и оган. Кај шо има оган, таму има и ,,.ајвар!

Последните пари за ајвар. И да се лупат пиперки од појќе за инает на сваќата оти та не праела ова година. Секако го има моментот: „Шо? Не прајте ајваааар? Како ле?“ Ко небаре кизнеј колку ќе се љуфни работата.

Има и такви госпожи шо ти праат муабет и споделват некоја рецепта за малиџаното, ко небаре за квантна физика да ти расправат. И после ќе се жалат оти три недели од столче не станале, фатени биле во полојната, вени испуштиле…За шо? За да има ајвар.

Интересна е самата постапка и начинот на приготвување на самиот ајвар. Прво земаш пиперки и ги оговараш поблиските роднини. Второ ги лупиш пиперкте и ги оговараш комшите (која со кој одела, колку се расправале низ дома, шо работеле, не работеле и дали праеле ајвар) и трето го завршваш  рецептот и ги оговараш роднините од Австралија и пошироката јавност дегустирајќи го производот намачкан на леб и обавезно парче сирење. Успат да не се заборај, го викаш „поспособниот“ челад од новата генерација, а ако ти речи оти си има попаметна работа од Љупење пиперки, то ти е нешо како да го напрајл/а осмиот смртен грев. Фактички самото непраење на ајвар и несмешвање прсти во „манџата“ е смртен грев.

Ајвар ко ајвар! Живот ко живот! Треба да се „замеша“ малку и мх мх… ,,Welcome Autumn”!

Студирајте на БАС
To Top