Новости

Битолски трачарлуци

Култура на НивоУ!

А шо се дешава со културата во градО? Шо се случва со ѓубрето на сите страни и степенот на развиена ни свест. Со најлоните фрлени до контејнрот, не во него внатре!

Наконтени господа и госпожи. Се намирисале, се стросале, крцкат. Али само од надвор. Само себично, само за нив. Море Луѓе, не треба само чекирање и селфи, шо прајме со то ѓубрето од зад сликата?! Оти таму чунки нема фотошоп. Нема магични метли и стапчиња.

До толку ни летнала чавката шо битен ни е само раетО тогаш затогаш. И фала Богу, критиките уфрлени на тие шо седеле пред нас:,,Како не му е срам, барем малку да си потсуредеја. Стоки. Расфрлале се. Ѓубриште кај и да се завртиш. Еми земи едно најлонче, потсуредисе малку!”

…И фала Богу, тие исто ќе си постапат. Ни ќе суредат, ни ќе исчистат. Ама најбитно е некој да е крив! Чудна работа!

GOLD
To Top